• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Објавена одлуката за канонизација – Светиот Кирил Лешочки ќе се празнува на 25 март

16/10/2022
во Актуелно, Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По вчерашната Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир денеска со Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј продолжи процесот на прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки.

Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА)  г.г Стефан во сослужение со архиереите на Светиот Архерејски Синод (САС) чиноначалствува со службата.

Пред олтарот во црквата е поставен кивот со моштите на новиот светител. До кивотот е поставена икона во која за прв пат како светител е изобразен лик на Кирил Лешочки, од зографот Кирил Златанов.

Г.Климент, епископ Хераклејски ја прочита одлуката на САС на МПЦ ОА за вбројување на преподобниот Кирил Пејчиновиќ Лешочки во редовите на светите.

Тој истакна дека Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница 10 мај 2022 година разгледувајќи го предлогот за канонизација за канонизирање во светител во лицето на преподобниот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки врз основа на Уставот на МПЦ внимателно проучувајќи го животниот пат и пастирскиот подвиг како и чудата што се случуваат по неговите молитиви и непрестано почитување од православниот народ ја донесе оваа одлука.

-Светиот Архерејски Синод на МПЦ-ОА Преподбниот го вбројува во редот на светиите. Чесните останки на Светиот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки, се свети мошти и се оддава достојно почитување,а  датум за негова прослава Синодот го определува 25 март по нов стил. За новоканинизиранот светител е живописсана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба, прочита г. Климент.

Кратко пролошкo житие за Кирил Лешочки прочита презвитер Бобан Митевски, кој потсети дека светителот земниот живот го започна во Теарце во 1771 година од набожни родители и татко Пејчин.

-Во Лешочкиот манастир го напиша делото Утешение Грешним имајќи ја наум Пресветата Богородица која ја сметаше за утеха на грешниците и затоа така го нарече делото. Неговите поуки беа за духовен препород, го учеше верниот народ како да се кае, како да пости, како да ги празнува празниците, како да се исповеда, како да се причестува со светите тајни Христови. Предупредуваше за духовната опасност од предизвикана од паганскиот обичај за жртвопринесување на телата на животните. Помагаше и се случуваа исцеленија од различни, се вели во дел од Житието кое го составил протоереј Александар Стојановски од тетовско-гостиварската епархија.

Потоа Тропар на преподобниот Кирил Пејчиновиќ изведе Хор на Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Архиепископ г.г Стефан : Светоста на Кирил Лешочки е поради преголемата љубов што ја имал кон Бога и луѓето

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.