Вчера (9 јули) од 16 до 22 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за брзина со која се движат возилата, во која вкупно биле откриени и санкционирани 36 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-32 и ГВ-4).
Три од нив (ТЕ) пречекориле за повеќе од 70 километри на час, а 13 (ТЕ) за 50 до 70 километри и така натаму.
Покрај ова, биле санкционирани и 28 пречекорувања во населено место (ТЕ-18 и ГВ-10), од кои 8 (ГВ) за повеќе од 50 километри од пропишаната брзина. При контролата, исто така, санкционирани се и 95 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ – 35 и ГВ – 60).
-Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до возачите да не возат пребрзо и недоволно одморени, зашто ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. На возачите им се советува навреме да ја проверат техничката исправност на возилата, особено ако планираат патувања на подолги туристички дестинации и да не консумираат алкохол, зашто алкохолот им ја намалува способноста и концентрацијата за управување, соопшти СВР Тетово.