Во текот на вчерашниот ден (07.08.2022) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 50 возачи.
-Од нив, 26 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.