• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер и ноќеска (3/4 јуни) од 22 до 5 часот, спровеле акциска контрола – дали и колку од возачите управуваат под дејство на алкохол, во која биле откриени и санкционирани вкупно 14 прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-5).

Кај еден од возачите (ГВ) биле измерени до 2 промили алкохол во организмот, а сите 14 веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 225 до 275 евра во денарска противвредност.

Покрај ова, тие ќе се соочат, исто така, и со мерка времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.Санкционирани биле и 23 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-11).

СВР Тетово повторно со апел до возачите да не седнуваат зад управувач под дејство на алкохол и посебно почетниците, зашто консумирањето алкохол значително ја намалува нивната способност и концентрација за безбедно управување. Ова, уште повеќе што претстои далеку поголема сообраќајна фрекфенција на патиштата и улиците на тетовско-гостиварското подрачје и посебно во втората половина на овој и наредните два месеци.

 

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Двајца возачи на автопатот Скопје-Тетово се движеле со 214 и 227 километри на час

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!