Во рамките на континуирани активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и сообраќајна безбедност на тетовско-гостиварското подрачје вчера (8 декември) од 8 до 20 часот спроведе уште една од серијата засилени акциски контроли за брзина со која се движат возилата.
При контролата биле откриени и законски санкционирани вкупно 154 возачи (ТЕ-91 и ГВ-63) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место. Од нив, 17 возачи (ТЕ-10 и ГВ-7) ја пречекориле брзината за над 70 километри на час, 72 возачи (ТЕ-52 и ГВ-20) до 70 километри на час и така натаму.
Покрај ова, во контролата санкционирани се и 112 возачи (ТЕ-79 и ГВ-33) кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, како и 33 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-19).
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби кои, зависно од големината на пречекорувањето, се движат од 20 до 400 евра во денарска противвредност.
За прекршителите кои пречекориле повеќе од 30, односно од 50 километри на час, ќе следува и заштитна мерка времено одземење на возачките дозволи од три месеци до една година.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да внимаваат и секогаш да ја прилагодат брзината според условите на патот, зашто пребрзото возење и годинава е најчестиот сообраќаен прекршок на поширокото полошко подрачје, но и најчестата причина за случените сообраќајни несреќи, на автопатот, регионалните патишта и на тетовските и гостиварските улиците.