• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Од полноќ до 5 часот утрово за возење под дејство на алкохол казнети 21 возач во Полошкиот регион

23/07/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од полноќ до 5 часот утринава СВР Тетово спроведе контрола на возачи – дали и колку од нив управуваат под дејство на алкохол, при што бил констатиран вкупно 21 прекршок, од кои 13 на тетовското и осум на гостиварското подрачје. Кај еден од возачите на гостиварското подрачје измерени се над 2 промили алкохол во крвта.

-Со оглед  на тоа дека на тетовско-гостиварското подрачје во полн ек е сезоната на свадбени и други семејни свечености, фестивали на отворено и други музички забави на младите, СВР Тетово повторно апелира до возачите да избегнуваат консумирање на алкохолни пијалаци доколку возат, зашто алкохолот ја намалува нивната способност за управување , концентрацијата и ја доведува во сериозен ризик нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.Се апелира, исто така, да не возат пребрзо и да се воздржат од чкрипење и други ноќни лудории со возилата на кружни текови и слично.СВР Тетово без исклучоци ќе ги санкционира сите прекршоци, а нерегистрираните возила повеќе од шест месеци и премногу бучните времено ќе ги одзема на 90 дена.Истото се однесува и на мотоциклите, порача портпаролот Марјан Јосифоски.

Сите возачи-прекршители во утринската акција веднаш се исклучени од сообраќај и времено им се одземени нивните возачки дозволи, а изготвени им се и законски предвидените поднесоци.

Глобите за овој вид прекршок согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, зависно од степенот на констатираната алкохолизираност, се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност со мерка-одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

 ас

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Две жени сопатнички повредени во сообраќајка на патот Пршовце-Јегуновце

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
83%
2.01mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!