Во тетовска Брвеница вечерва почна со одржување меморијален турнир во мал фудбал посветен на Жарко Кузмановски, кој како припадник на специјалните полициски единици го загуби животот во Куманово во 2015 година.
По повод почнувањето на турнирот беше оддадена почит пред неговото спомен обележје кое се наоѓа во дворот на црквата Свети Атанасиј во Брвеница.
На денешниот прв ден од турнирот се одигра ревијален пријателски натпревар помеѓу екипите составени од припадници на Специјалната антитерористичка единица (САЕ) Тигар и Единицата за брзи интервенции (ЕБР) при МВР.
На турнирот се пријавени 24 екипи кои ќе бидат поделени во шест групи по четири тима. Финалето е предвидено да се одржи на 29 октомври.
Жарко Кузмановски беше припадник на специјалната единица „Тигар“ кој загина во антитерористичка акција во Куманово на 9 мај 2015 година.
Загина на 34 години, а остави зад себе двајца малолетни синови, сопруга и родители. Од 2022 година во дворот на црквата во Брвеница е поставено спомен облежје за Жарко Кузмановски