• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Одбележани 22 година од нападот на полициската станица во тетовско Теарце во 2001 и загинувањето на полицаецот Момир Стојановски

21/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Одборот на бранители денес во тетовско Теарце организираше одбележување на 22 година од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29) при напад со ракетен фрлач врз полициската станица на 22 јануари 2001-та што се смета за почеток на оружениот конфликт во текот на годината.

При нападот тешко ранет беше полицаецот Давор Евросимовски, а со полесно повреди добија Борче Ѓуровски и Јахи Лика.

Првиот човек на Одборот на бранители Марин Најдов потсети дека е Момир Стојановски е првиот непребол меѓу сите останати паднати бранители од 2001 година и подоцна починатите од последиците на војната.

-Тие што го познаваа Момир секогаш со гордост се сеќаваат на него како човек кого го краселе сите доблести на човека. Одличен професионалец и лојален кон својата татковина. Ако се вратиме во историјата ќе се сетиме дека секогаш за татковината гинеле најдобрите и најхрабрите синови, а таков беше и Момир Стојановски. Вечно ќе бидеме нивни должници што се уште постоиме и цврсто опстојуваме на ова тло и најмалку што можеме да направиме за нив е да не дозволиме да заминат во заборав. Тоа е наша одговорност, да го живееме споменот на нашите јунаци, поради самите нас, нашите деца и внуци кои треба да учат за вредноста на државата и слободата во неа како придобивка. Денес после 22 години сведочиме на несебичниот однос на бранителите кон повикот на татковината и нејзината одбрана од агресијата и тероризмот. Немаме право да изгубиме волја да ги чествуваме и да евоцираме спомени за нив, а тоа е најмалку што можеме ние да направиме за нив, истакна Марин Најдов од Одборот на бранителите.

Од Одборот на бранители годинава посетија дека со членството ќе се потрудат да ги избегнат сите манипулации со нивните гласови на претстојните избори манипулации.

-Ќе создадеме платформа за преговори со политичките партии и поддршката на изборите на сите оние кои ќе можат да ги поддржат нашите цели и барања. Од страна на одредени субјекти се манипулира со гласовите на бранителите мислејќи дека со сопствените барања може да се покријат одреден степен на политички барања на бранителите. Се обидуваме да ги исклучиме деловите на политичките гарнитури кои сакаат да не разнебитат и раздвојат.  Во овој момент се вршат преговори со повеќе политички партии и ќе видиме кого ќе поддржиме на следните избори. Имаме создадено платформа од неколку точки, во моментов се преговара за нив, кога ќе има сигнали ќе информираме. Статусот на бранители е очаен со оглед на тоа дека не се згрижени, голем дел од се во социјален ризик, многу се починати, државата не се зафати со грижата за нив. Не се интегрирани во општеството, изјави Жарко Милевски од Одборот на бранители.

За нападот на полициската станица во 2001 година одговорноста ја презеде ткн. Ослободителна народна армија (ОНА) по што започнаа повеќе оружени напади врз државните безбедносни сили.

ас

 

 

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

На Попова Шапка има доволно снег за да почне скијачката сезона

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.