Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД (United States Agency for International Development) вчера во Тетово организираше прослава за одбележување на 30 години партнерство со Македонија.
Програмата односно патувачкиот карван „Инспирирај се за иднината”, се состоеше од активности предводени од млади луѓе, ученици, наставници, уметници, претриемачи и други професионалци кои се вклучени во различни програми на УСАИД за да се покажат резултатите од долгогодишните работа во партнерство со Македонија.
Целта на овој караван е да ги мотивира и да ги поттикне младите да се вклучат и активно да учествуваат во градењето одржлива иднина заедно.
-За овие 30 години УСАИД обезбеди 840 милиони долари за развојни програми. Овие средства се искористија за унапредување на децентрализацијата, промовирање судски реформи, транспаренто владеење и иницирање на владини е-решенија, подобрување на компететивноста, зголемување на бројот на работни места, промовиравме и енергетската ефикасност и помогнавме да се креираат политики за усогласување со регулативите на ЕУ. Воедно го зајакнавме образовниот систем, и тоа почнувајќи од основното училиште, па сè до универзитетското образование, порача во поздравниот говор Ерик Мејер вршител на должност амбасадор на САД.

Димче Дамјановски, експерт за земјоделство и рурален развој во повеќе УСАИД програми имаше мотивациски говор „Партнерството е сила-создаваме подобра иднина“.
-Работев на многу проекти во УСАИД, а со моето образование се фокусирав на земјоделството. Проектите на УСАИД овозможија поддршка на мали бизниси кои се мали земјоделски стопанства Работејќи на ова поле успеавме со самиот проект со анализи на терен да го надминеме проблемот на традиционалното земјоделство со помош на новите технологии кои помагаат успешно да се влијае во развој на ваков вид бизнис и на тој начин да се добива храна. Во нашиве изминати години со УСАИД обезбедивме поддршка да се отскокне од традиционалното земјоделско стопанство и да се обезбеди успех и приходи. Во оваа насока би потсетил на поговорката, дека во животот адвокат можеби ќе ни биде потребен неколку пати, но поради потребата од храната, земјоделецот е потребен на секој од нас најмалку три пати на ден. Земјоделството е иднината што може да обезбеди убав и пристоен живот да се следат новите технологии за подобро и полесно производство, порача Димче Дамјановски.

Публиката можеше да види модна ревија „Рциклирана убавина“ под менторство на дизајнерката Ирина Тошева со учениците од Општинското средно стручно училиште „Ѓоце Стојчевски“ од Тетово. Дел од програмата беше концерт со џез-бендот при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Како дел од одбележувањето 30-годишнината, УСАИД во соработка со општините овозможи на истакнати млади уметници заедно со учениците од средните училишта да креираат мурали на темата „Партнерство за подобра иднина“, кои се бидат нацртани на видливи места во градовите каде што ќе патува карванот.