• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Описот на избирачките места не е истакнат на македонски јазик, има само на албански

20/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На избирачките места во Тетово нема информативни натписи за тоа кои улици спаѓаат во тоа избирачкото место на македонски јазик.  Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски кој претпладнево беше во Тетово на увид како се спроведува гласањето како технички пропуст го оцени ова неистакнување на информации на македонски јазик.

-Имаше мали технички пропусти на кои им укажавме на избирачките одбори. Некои се исправија веднаш. Се функционира во ред. На некои места имаше објавени списоци само на албански, немаше на македонски. Тоа е технички пропуст и им укажавме дека доколку има, да ги закачат да не биде пропуст да биде двојазично. Тоа се мали детали што ги утврдивме, изјави Даштевски.

На новинарско прашање зошто необјавувањето на списоците со улиците на македноски јазик се смета за технички пропуст, а не човечки фактор и неодговорност, Даштевски рече дека тука нема одговорност.

-Ги имаме, сме ги испечатиле и сме ги донеле. При примопредавање на материјалите, дали се примопредадени или не, не знам, или пак се примопредадени, а се ставени во кутија,заборавиле да ги истакнат. Нема одговорност, треба да ги закачат, им реков сега да ги закачат. Бидејќи нели тоа е пропишано да биде двојазично, изјави Даштевски.

Попладнево на гласачките места ги немаше списоците со улици истакнати на македонски јазик. Тие се потребни бидејќи во еден објект има повеќе места каде се гласа па е важно да се најде описот на избирачкото место односно кои улици спаѓаат во кое место.

Иако Даштевски најави дека ќе се истакнат овие информации секретарот во Општинската изборна комисија Назми Даути со сосема друго образложение.

-Описот на избирачки места не е доверлив изборен материјал и не влијае на процесот на избори. Ние кажавме дека е технички пропуст, ОИК три дена работи го спрема изборниот материјал и во некои гласачки места пропуст сме испуштиле на македонски јазик. Каде имаше интервенција на претседатели на избирачки одбори да се тргне и тоа на албански јазик бидејќи тоа не е доверлив материјал за да може да влијае врз изборниот процес, изјави Даути.

До 17 часот бележиме 27.79 % отсто излезност или 23.366 граѓани дошле да гласаат. Во Тетово право на глас имаат 84. 071 гласач, на 117 избирачки места .

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

ВМРО ДПМНЕ прогласи победа во Тетово во однос на СДСМ

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.