Општина Брвеница од утре 22 јуни до недела 25 јуни ќе организира Меморијален турнир во фудбал „Брвеница“. Натпреварите ќе се играат на стадионот во Брвеница, каде утре е официјално претставување на учесниците и почеток на турнирот.
-Турнирот е во чест на починати фудбалери Косте Симовски од с.Д.Седларце, Божидар Стаматоски од с.Брвеница, Трајан Милошески од с. Брвеница, Бесјан Јашари од с.Челопек, Хаки Изаири од с.Милетино, Ибрахим Беќири од с.Теново, информираат од општината.
На крајот на турнирот при прогласување на победници ќе се доделат Плакети постхумно за лицата во чија чест се организира турнирот како и Признанија на заслужни лица за развој и промоција на фудбалот.