Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами заедно со претставници на Секторот за јавни дејности денеска беа во основното училиште „Лирија“, едно од општинските училишта каде периодов се носат книги како донација за тамошните библиотеки. Се носат книги на албански јазик, од албански и странски автори, додека за книги на македонски јазик според градоначалникот било утврдено дека засега нема потреба.
-Продолжуваме со распределба на книги кои се од светската литература на албански јазик, на сите средни и основни училишта затоа што по претходно барање беше увидено дека има недостиг на таква литература плус што има и недостиг од школските лектири кои што се задолжени да се обработат во текот на школската година. Во соработка со секторот за образование работиме да се снабдат училишните библиотеки со соодветни лектири за да можат ученици повеќе да читаат и да се вратат на книгата затоа што наш предизвик е како нашите деца да ги вратиме повеќе да читаат отколку да држат телефоните во раце, истакна Касами.
Според Касами во училишните библиотеки има книги на македонски јазик.
-Во оваа фаза само на албански јазик, затоа што како најургетна беше увидена потребата за литература на албански јазик, затоа што во поголемиот дел на училиштата беше увидено дека литература на македонски јазик биле снабдени училиштата претходно во време на претходната влада, кога беше преводот на светската литература, но за жал недостигаше литература на албански јазик. Но секако во делот на лектирите, ќе се работи на трите јазика-албански, турски и македонски за да се снабдат затоа што тоа се веќе задолжителни и тоа се програми кои се дадени од Министерството за образование, изјави Биљал Касами.
Што се однесува до учебниците за секојдневната настава на учениците, според Секторот за јавни дејности во Тетово недостигаат 15.831 учебник.
-Од почетокот на учебна година имаше недостаток од учебници во основни и средни училишта,секторот за јавни дејности имаасредба со училишни одбори и родители каде направивме една петиција и истата ја доставивме до МОН каде се потпишаа над 5500 родители и од страна МОН ни беше возвратено, конкретно од Педагошка евиденција, еден табелар каде тие сами прифаќааат дека уште фалат 15.831 учебник во нашите училишта и во МОН отвораат еден систем каде училиштата може да ги стават нивните барања за потребите за учебници, но тоа е отворено само одредено време, изјави Назми Даути, раководител на Секторот.
Според Касами, системот за е во ред, но реализација е проблематична.
-Ако ова училиште има потреба 200 учебници по географија, таму се даваат по 50-100 учебници. Не се дава можноста да се пријават колку е потребата на училиштето и временскиот период е краток. Сега април-мај е тој период. Оваа петиција што ја поддрживме на родителите беше во правец на тоа. Оваа година знаеме дека ќе оди вака но барем за следната година да не се повтори. Затоа што МОН објаснуваше е дека е направен тендер, избран-неизбран, еве заврши годината и пак учениците не се снабдени. Затоа ние ќе ги преземеме сите мерки следната година да не ни се повтори истото. Сме во комуникација со школските одбори и ако треба ќе поддржиме и протест организиран од родителите за да не се повтори истото, изјави Биљал Касами.
ас