Општина Тетово ги повика граѓаните да учествуваат на јавна дебата за буџетот за 2024 година. Настанот го организирааат во петок 22 декември, во салата на Советот со почеток во 13 часот.
-Се повикуваат сите граѓани, граѓански здруженија, невладини организации, експерти и сите заинтересирани јавно да ги кажат своите ставови, забелешки и предлози во однос на буџетот за 2024 година. Практиката на составување на буџетот со вклучување на јавноста резултираше успешно и транспарентено, Секогаш ќе бидеме отворени за конструктивен дијалог и заеднички решенија. Сите забелешки, предлози, планови и аргументирани предлози ќе ги изготвиме заедно, се вели во повикот од општината.
Претседателот на Советот Бесар Дурмиши на 23-тата седница миинатата недела најави дека во последната седмица од 2023 година ќе се одржи и последната седница на која ќе се усвојува општинскиот буџет за 2024 година.
ас