Од Општина Тетово информираа дека на денешната средба помеѓу градоначалникот Биљал Касами и амбасадорот на Бугарија Ангел Ангелов соговорниците се обврзале да се најде место во градот каде ќе гласаат бугарските државјани по повод парламентарните избор на 2 април.
-На средбата на градоначалникот на Општина Тетово и амбасадорот на Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов се разговараше за предизвиците и можностите за соработка меѓу двете земји. На средбата се разговараше и за можната соработка со бугарските општини и користењето на нивното искуство во добивањето на средства од Европската Унија, информираа од Општина Тетово.
На 2 април се предвидени предвремените парламентарни избори во Бугарија, откако во јануари во тројца мандатари не успеаа да состават Влада.
ас
фото Општина Тетово