• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Со заплена на производи од импровизирани тезги Општина Тетово најавува борба против сивата економија

03/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со новата одлука која ја донесе Советот на Општина Тетово неделава се прилагодува правилникот за работа на Општинскиот инспекторат со Законот за комунални дејности па од таму уверуваат дека тоа ќе придонесе за поефикасно справување со узурпацијата на јавните површини, а пред се со нелегалната трговија преку импровизирани тезги.

Иако често пати Општина Тетово преку социјалните мрежи се фали дека се преземаат акции за ослободување на јавните површини од импровизирани тезги, сепак продавачите се враќаат и продлжуваат со нелегална трговија и ткн. сива економија.

Раководителот на Општинскиот инспекторат Абдулгани Алији уверува дека токму најновата одлука ќе им помогне на инспекторите освен да казнуваат и да имаат и ефективна промена на терен.

Сега инспекторите освен пишување казни ќе имаат можност и да ги одземаат (конфискуваат) производите кои се нудат за продажба од импровизирани тезги, но и други потези како отстранување на своеволно поставени рампи, реклами, киосци и слично.

– До денес не сме имале право на продавачи кои продаваат на пат да ги казниме и да им ја земеме робата, сега со ова што сме го измениле во Советот имаме право да преземеме мерки како инспектори за комунална дејност. Имаат право да казнат на самото место инспекторите и имаат право да земат роба за да ја носат во магацин за да не излезе повторно продавачот да продава. Претходно, имало само 50 евра казна и не можеше да се преземе мерки. Сме барале асистенција од пазарна инспекција. Некој пат, излегувале на терен во меѓувреме во тие моменти продавачите не биле на тие места. Ние сме правеле некоку координативни активности со пазарна инспекција и полиција, но некогаш ги имало, некогаш ги немало тие продавачи.  Сега има право на земање на роба и казна од 50 евра. Имаат право да им конфискуваат работи што се без дозволи на јавни површини, брифираше раководителот на инспекторатот Алији.

На новинарската забелешка дека има места во градот каде што продавањето од импровизирани тезги, како оние со цигари, кои никогаш не биле отстранувани, Алији уверува дека продавачите вешто ги избегнуваат инспекторите.

-Тие имаат многи помалку роба и секогаш кога ние сме на терен тие бегаат. Овие што имаат повеќе роба, немаат кај да бегаат и инспекторот ги зема податоците и ги казнува. Да би имале комунална полиција не би имале потреба секој пат да се обратиме до полиција. Ние имаме редари. Ако се изгласа законот за комунална полиција, редарите ќе ни бидат како полиција и тогаш може да се преземат мерки кај што ние треба, со комуналната полиција немаме потреба да бараме асистенција од полиција. Но тој закон е надлежност на централната власт, вели Абдулгани Алији.

Раководителот на инспекторатот уверува дека имаат и малку инспектори за борба со сивата економија. Информираше дека инспектори со лиценци имаат 16, а според систематизација треба да бидат над 40. На обука за инспектори која треба да трае 12 месеци сега се наоѓаат четири луѓе.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.