• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово : По барање на граѓаните се уредува блок 37 позади старата пожарна

27/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово по барање на станари ќе го уредува блок 37 или место викано позади Страи пожарна и ќе има затворен паркинг. Ова е одговорот на општината на новинарските прашања по прозивките на граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ зошто таму се сечат дрвја и се уништува мал зелен појас.  Иако објаснуваат што ќе се прави во одговорот не се содржи зошто се сечат и дрвјата.

Според информацијата 100 станари уште во 2017 и во февруари 2022 година се потпишале на барање за поправка на целата улица – поплочување на истата со бетонски плочки, поставување на улични светла и уредување на паркингот според предвидениот ДУП за блок 37 на град Тетово.

– Секторот за комунални дејности и заштита на животна средина и природа на ден 05.04.2022 година дал известување на граѓаните дека  согласно  годишна програма за реализација на затворените паркинзи во Тетово, урбан блок 37 е предвидено да се реализира во период април-јули, со тоа што ќе се постават нови бекатон плочки, хоризонтално обележување и ќе се постави осветлувањето и рампа за влез и излез во паркингот. На ден 26.07.2022 е дадено налог за работа за градежни работи на ул. Д.Г.Кара – урбан блок 37, се вели во информацијата на Општина Тетово.

Целата работа е во координација со граѓаните што живеат на истата улица и се одвива без никакви проблеми, уверуваат од општината.

-Секторот за комунални дејности и заштита на животна средина и природа според планот за реализација на јавните паркиралишта за 2022 година на тоа место планирал реализирање на 100  затворени паркинзи. Според ДУП за блок 37 изготвен е основен сообраќаен проект за паркинг простор КП 2158/1 КО Тетово 1 Општина Тетово за воведување на зонско паркирање со тех.бр 18/22, се вели во дописот на Општината.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Продолжува потрагата по возачот и евентуални сопатници од возилото кое излета во река Вардар кај тетовско Желино

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.