• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово претстави физибилити студија за модернизација на јавното осветлување со јавно-приватно партнерство

20/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово организираше јавна дебата по повод презентација на физибилити студија за воспоставување на јавно-приватно парнерство за модернизација на јавното осветлување низ градските улици. Физибилити студијата е направена со одлука на Советот на Општината, а денеска консултантската куќа ја претстави пред присутните на дебатата.

-Во услови на енергетска криза и значајно зголемување на цената на струјата, темата за улично осветлување е уште поалармантана за решавање. Студијата предлага три варијанти за модеренизација на уличното осветлување, а меѓу придобивките се можноста на Општина Тетово да ги мониторира и управува трошоците за електрична енергија, управување со залихи, можност за воспоставување на паметен систем за управување со цел заштеди на општината, намалено време и трошоци за одржување, намалување на емисијата на јагледорд диоксид, истакна консултантот Светлана Петровска.

Според студијата првата варијанта за модернизација е најскапа и предвидува 4,5 милиони евра, но и  најсеопфатна-подразбира подземени водови, системи за мониторинг, управување и контрола, работа на повикувачки центар и други елементи.

Градоначалникот Биљал Касами образложи дека потребата да се најде приватен партнер за подобрување на мрежата на улично осветлување е комплицираната состојба на општината пред се поради долговите и блокираните сметки.

-Се обидуваме да интервенираме, но поради таа неможност на општината, ние се наоѓаме во комплицирана ситуација. Ние можеме да направиме јавна набавка, каде се јавуваат приватни оператори, но кога доаѓа до реализација не ги реализираат во целост, затоа што ние не сме во можност да им платиме поради тоа што сме блокирани. Затоа доцниме. Затоа одиме со концептот на јавно приватно партнерство, каде што и одржувањето на јавното осветлување ќе биде обврска на приватен партнер, истакна Касами.

Општина Тетово иако донесе одлука на Совет, не може да формира трговско друштво за да стопанисува со електрична енергија. Сега постапката е пред административен суд.

ас

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Градоначалникот Касами најави дека од март е можно да прекинат рестрикциите на уличното осветлување

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.