• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово со дебата дали да се прават платформи за летни бавчи на реката Пена

20/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово организираше јавна дебата за можноста за поставување на платформи на коритото од река Пена за да можат угостители на лето да поставуваат маси и столици. Според градоначалникот ова е со намера Тетово да добие лик како монденските места. Тие платформи ќе ги прават сопствениците на угостителските објекти.

-Сакаме да ги консултираме граѓаните, во делот на реката Пена, предлагаме да има тераси за ресторани, кафулиња, да можат да имаат развој сите тие кои се покрај реката и се надеваме дека тоа ќе биде дополнително за изгледот и убавината на реката. Тоа е во континуитет на ослободување на јавните простори кои ги ослободува општината, но не сакаме да ги ограничиме бизнисите, фирмите, рестораните и кафулињата за да можат да ги користат јавни простории, изјави Биљал Касами.

На новинарско прашање дали е контрадикторно на едно место да се прави заложба за ослободување на јавен простор, а на друго место тоа да се дозволи, Касами со одговор дека платформите ќе бидат над речниот водотек.

-Ние ќе пазиме да не биде ограничено движењето кај реката како што има во сите монденски градови, како во Охрид, сакаме да дадеме развој на река Пена со тоа што ќе ги ослободиме јавните простори, а истовремено на фирмите на рестораните и на кафулињата ќе им дадеме можност да го користат просторот кој во во моментот не се користи од граѓаните, изјави Касами.

На дебатата имаше само едно прашање. Граѓанин побара одговор дали ќе им биде овозможено и на угостителите од други делови на градот да постават платформа, за што од претставник на општината му беше одговорено дека замислено е тоа да биде можност за тие што имаат локали во непосредна близина на речното корито.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

Здружението на дијабетичари Тетово алармира на недостиг на инсулин, Министерството вели недостига само еден тип

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.