Советот на Општина Тетово на денешната 17. седница го овласти градочалникот Биљал Касами да започне процедура со која ќе се изработи физибилити студија за изградба на нов објект за потребите на локалната самоуправа и нов отворен базен.
Предвидено е се разгледа можноста за јавно-приватно партнерство односно приватна компанија да ги изгради двета објекти.
-Преку јавно-приватно партнерство ќе се види можноста за изградба на нов објект на место на бараките до зградата на општината каде што сега функционира оштинскиот инспекторијат. Ќе се отсртанат бараките и ќе се направи нов објект. Тој објект ќе се користи од службите за канцеларии и за корист на општината, ќе биде во функција на граѓаните, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот.
Отворен базен е предвидено да се гради до веќе изградениот затворен базен на Спортско-рекреативниот центар во Тетово.
Советот ја прифати и годишна програма на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво.
Радица Перинска, социјален работник од Центарот за социјална работа Тетово, која е дел од Советот, образложи дека повеќето институции кои се вклучени и имаат меѓусекторска соработка ќе има активности со цел да се превенира децата да доаѓаат во судир со законот.
-Како мерки и активности планираме и веќе почнавме со запознавање на директорите на средните училишта, запознавање на стручниот тим кој што работел во училиштето, како и класните раководители, превентивно да се делува и на некој начин повеќе да нема деца во судир со законот и деца во ризик, истакна Перинска.
Со одлука на советот се изгласа промени во статутот на општинското јавно претријатие за јавен превоз.
ас