• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општина Тетово со реакција до СВР Тетово поради прекин на градежните работи на улица која се реконструира

10/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово преку соопштение реагираше на денешната постапка на СВР Тетово чии полициски службеници ги прекинале градежните активности на ул. „Тодор Циповски-Мерџан“ и приведоа градежни работници, државјани на Албанија поради нерегулиран престој.  Тетовската општина смета дека полицијата ја попречува работата на локалната власт ставајќи се во службата на политиката.

-Целата документација од општина Тетово за овој зафат беше според прописите. За оваа акција што денеска ја презеде СВР Тетово , општина Тетово не била информирана. Полицијата ги прекина работите под изговор дека фирмата нема документација за поправка на улици, туку само за полнење дупки, додека ние како општина со факти Ви докажуваме дека документацијата од двете страни е комплетна, односно со согласност на СВР Тетово .Полицијата едноставно се обидува континуирано да ја опструира работата на Општина Тетово ставајќи се во служба на дневната политика, соопшти Општина Тетово.

Воедно Општина Тетово ја информира јавноста дека ги има сите потребни документи и дека  на ден 10.06.2022 година го потпишала бројот на сметката бр. 14-6290, со што претпријатието може да ги врши работите на терен.

-Таму меѓу другото е наведено „Пополнување на ударни дупки и одржување и реконструкција на патишта во град Тетово и патна мрежа на планински села од одрони и слично“ по јавен промет бр.07317/2022“. Така, фирмата што го добила тендерот и го потпишала договорот е должна да ги исполни своите обврски кон општина Тетово во рок од една година. Апсурдна е постапката на полицијата да ги прекинува работите на оваа улица, кога се знае дека Општината има согласност од Секторот за внатрешни работи Тетово за измена на режимот на сообраќај на оваа делница со цел работите да се одвиваат без пречки. СВР Тетово даде согласност на 29.06.2022 година каде меѓу другото се наведува дека „ќе се промени режимот на сообраќај поради пополнување на дупки, реконструкција на коловозите во градот и патната мрежа, соопштија од Општина Тетово.

Од таму потоа посочуваат дека во Уредбата на општината стои „Се одобрува времена измена на режим на сообраќај, во рок од 1 година, за пополнување на дупки на улиците во општина Тетово.

-Сите законски и административни процедури беа испочитувани од страна на општината и изведувачот на работите, а полицијата ги прекрши сите овие процедури со прекинување на работите. Овој грд чин на полицијата не е за прв пат, трендот на опструкција е константен откако градоначалникот Билал Касами го презеде раководството на општината. Но, без разлика на опструкциите, Општина Тетово ќе продолжи со реализација на капиталните проекти за доброто на градот и граѓаните, се наведува во дописот на Општина Тетово.

ас

 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Дафина Стојановска: Изминативе девет месеци ВМРО ДПМНЕ работеше во интерес на народот, сега ќе добие уште повеќе советници

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.