Соопштение на Општина Тетово
Владата на Северна Македонија продолжува да се одмаздува на општина Тетово, односно нејзините граѓани, со отфрлање на извештајот на општина Тетово за проценка на штетите од поплавите во мај минатата година. Ја информираме јавноста дека Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди формирана од Владата, не го има земено во предвид извештајот на општинската комисија за проценка на штети од поплавите од 2022 година и покрај тоа што Владата има законски обврска за помош на подрачјата погодени од природни непогоди. Сметаме дека оваа одлука на Владата да не им помогне на жителите погодени од поплавите има политичка заднина како резултат на двојниот пораз што го претрпе политичката партија која е на власт.
Од друга страна, ја информираме јавноста за фактот дека за време на поплавите во Тетово, во 2022 година Советот на општината не функционираше и како резултат на тоа не беше можно да се формира комисија за проценка на штетите, но и покрај ова општината со сите алатки што ги има на располагање им помогна на жителите. Неколку пати сме се обратиле до Владата со барање да го преземе надоместокот на штетите бидејќи тоа и е законска обврска, но нашите барања беа одбиени без никакво образложение. Општина Тетово по изборите за совет на општината ја формираше и комисијата за проценка на штети предизвикани од поплавите во 2022 година со која го подготви конечниот извештај. Овој извештај не беше прифатен од Комисијата за проценка и утврдување на штети од елементарни непогоди формирана од Владата на РСМ со банални, па и политички причини. Општина Тетово ги информира граѓаните дека централната власт не само што не презеде никаков чекор за помош на граѓаните погодени од поплавите, туку власта продолжува со опструкции и создавање незавидни ситуации.
Општина Тетово ги известува граѓаните дека ќе преземе конкретни мерки и активности неопходни за помош на граѓаните погодени од поплавите и ги уверува дека штетите предизвикани од поплавите ќе бидат надоместени и покрај финансиската криза со која се соочуваме како резултат на лошото менаџирање од претходната администрација. Граѓаните се тие кои ја ценат работата на општината и тоа се докажа на последните избори за совет на општината.
Со почит,
Канцеларија за комуникации и односи со јавноста
Општина Тетово