Општина Тетово информира дека испратиле инспектори на Попова Шапка, а повеќе за обвинувањата до нив ќе истакнат утре на прес-конференција.
-Денеска добивме неколку реакции во врска со состојбата со загадувањето на природата на Попова Шапка, убаво и важно место за нашата заедница и за сите оние кои ја ценат природата. Општина Тетово постапи веднаш по откривањето на загадувањето. Општинските инспектори излегоа на терен за да ја документираат состојбата.
За зголемување на транспарентноста и комуникацијата со граѓаните, општинскиот инспекторат утре 18.10.2023 година (среда) во 11:00 часот на Попова Шапка ќе одржи прес-конференција, со цел да ја известиме јавноста за преземените мерки и да одговориме на прашањата во врска со оваа тема.
Ви благодариме за Вашата доверба и помош во решавањето на ова важно прашање.