• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Општинскиот инспекторат ја затвори авто пералната пред ОУ „Братство-Спортски центар“

13/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово информираше дека денеска инспектори од Општинскиот инспекторат ја затвориле пералницата за возила пред ОУ „Братство-Миѓени“ -објект Спортски центар што беше децениски проблем и го отежнуваше движењето на учениците по тротоарот кон школскиот објект.

Затворањето на оваа автоперална доаѓа по бројните поплаки на граѓаните од околината и родителите на учениците од ова училиште кои побараа од општината да интервенира и да создаде нормални услови за слободно движење на учениците, порача градоначалникот Биљал Касами на социјалните мрежи.

-Општинскиот инспекторат денеска ја затвори пералната, која не само што го узурпираше тротоарот, туку го попречуваше слободното движење на граѓаните и претставуваше опасност за учениците.  Општинскиот инспекторат излегол на терен и утврдил дека пералната за автомобили не исполнува ниту еден услов за работа. Ниту една узурпација нема да се толерира.  Градот им припаѓа на сите. Јавните простори се за секого, истакна Касами.

Овој проблем датира од изградбата на училиштето пред речиси 20 години. Проблемот беше во тоа што возилата од автопералната беа оставани на тротоарот и учениците мораа да се движат по коловозната лента.

Во 2016 година жителите на месната заедница заедно со родителите од учениците протестираа и го блокираа сообраќајот, но ситуацијата не се промени.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Во Боговиње 31 годишник каснат од куче скитник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.