• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Осомничена е 17 годишна девојка за убиство на 16 годишникот кој беше најден мртов кај тетовско Бањиче

23/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Седумнаесет годишна девојка е осомничена за убиство на 16 годшиникото момче, кое вчера наутро беше најдено мртво во реката Пена кај месноста Бањиче близу Тетово. По увидот и започната истрага, тетовското обвинителтво до основниот суд поднел барање за подготвителна постапка поради сомнение за сторено убиство.

-Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против едно лице за кои постои сомнение дека сторило кривични дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичен законик. Осомничената 17 годишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години. По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката. Надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор, соопшти денеска Службата за односи со јавноста при Јавното Обвинителство.

Седумнаесет годишната девојка е од тетовско Рогле, а полицијата за настанот направила службен разговор со уште едно малолетно машко лице од Тетово.

-На 22.12.2022 во 14.00 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со 17-годишна малолетничка од тетовско Рогле. Исто така, во врска со настанот, во присуство на родител, претставник од Центар за социјални работи, адвокат и медицинско лице бил извршен разговор и со 17-годишен малолетник од Тетово.  Малолетничката била задржана во полициска станица, додека малолетникот бил ослободен. По документирање на случајот од страна на судија во претходна постапка во Основен суд Тетово, на малолетничката ѝ била определена мерка притвор во траење од 30 дена и била спроведена во Казнено- поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, соопшти СВР Тетово.

Малолетникот на 16 години кој беше најден починат е од Ново Село, Општина Желино. Неговиот татко во средата околу 16 часот пријавил дека се оддалечил од дома со автомобил. Возилото беше најдено околу 02.20 часот во четвртокот во близина на угостителски објект на место викано „Бањиче“, додека безживотното тело околу 7 часот вчера наутро.

На местото каде беше најден малолетникот смрт констатираше лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, тело беше дадено на обдукција.

 

 

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Доделени награди за најредовните читатели на тетовската библиотека за 2022 година

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.