• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Осумдневен притвор за 21 годишник кој со месеци ја тепал 19 годишна вонбрачна сопруга

19/04/2023
во Вести
суд
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денеска (19 април) судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на 21-годишниот Л.С. од тетовско село му определи осумдневен притвор и набргу ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на мерката.

Тој се сомничи дека извршил физичко насилство врз неговата 19-годишна невенчана сопруга и за нејзинопротивправно лишување од слобода Според пријавеното,тој повеќе пати физички ја напаѓал, а во нападите повремено користел и метален предмет. Тој вчера (18 април) околу 14 часот и 50 минути беше лишен од слобода и во координација со Јавен обвинител, задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка поради основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Противправно лишување од слобода согласно 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолг временски период ја држел заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал, нанесувајќи и бројни телесни повреди. Жената искористила прилика кога во еден момент осомничениот ја заборавил отклучена вратата, успеала да побегне и настанот го пријавила во полиција, информираше Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифатил предлогот на обвинителството и со решение му определи притвор на осомничениот во траење од осум дена.​​

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Приказната за Пепелашка на Драмското студио „Летечка театарска трупа“ два дена ги забавуваше тетовци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!