• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Осветен завршениот фрескоживопис во соборната тетовска црква Свети Кирил и Методиј

03/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Архиепископот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија г.г Стефан во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј отслужи Архиерејска литургија по повод завршувањето на фрескоживописувањето на целата внатрешност на тетовската соборна црква.

Сега покрај иконостасот во оваа црква на сите ѕидови се насликани икони. Од 2010 година досега има насликано 250 икони, кои се донација на исто толку православни семејства.

-Се собравме за да ги осветиме новоисликаните фрески и да отслужиме Света Божествена Литургија во овој прекрасен храм, во овој тетовски и македонски бисер меѓу црковните градби, подигнат на почетокот од минатото столетие, а посветен на великаните на македонската и сесловенска писменост и, пред сѐ, рамноапостолни проповедници на христијанската вера, големите светители и просветители Кирил и Методиј; дојдовме во овој молитвен дом, кој цело столетие служи како централен тетовски дом Божји, и кој, веруваме, додека Македонецот битува и додека векот векува, ќе продолжи да биде место во кое тетовчани ќе доаѓаат за да се молат и за да се црквуваат, и во кој тетовското православие ќе продолжи да опстојува и да се чува, посочи во беседата г.г Стефан.

Архиепископот им заблагодари на зографите професорите Венко Цветков и Зоран Бошковски, кои изобразиле фрески.

-А токму тоа е, се разбира, смислата на иконите и на фреските ‒ да ни помагаат во молитвеното општење со Бога, во просењето на застапништво кон Пресветата Богородица и кон светиите, во претчувствувањето на царството небесно веќе овде, на земјата. Иконите и фреските не се „уметност заради уметност“, туку се, како што вели еден руски мислител: „умозрение во бои“ . Па, како што Евангелието и делата на светите отци со слово ни говорат за основните догматски вистини за Бога и за основните етички вистини за човекот, така иконите и фреските тоа ни го говорат без зборови, на живописен начин. Затоа е и речено дека иконите и фреските се како отворена Библија, посочи поглаварот на МПЦ-ОА.

Архиепископот г.г Стефан Света Божествена Литургија отслужи со владиците, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и поголем број свештенослужители. Тој потсети дека се изминати 120 години откако биле положени и осветени темелите на храмот и безмалку 100 години откако е извршено осветувањето.

-Му благодариме и  на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, за поканата и воедно, му изразуваме честитки зашто успеа да го доразубави овој храм, како што во своето досегашно десетлетно трудољубиво архипастирствување на од Бога доверената му Тетовско-гостиварска епархија, успеа да  изгради и епархиско седиште во Лешочкиот манастир и да започне со целосно реновирање на стариот манастирски конак. За пофалба е и што Митрополитот покажува голема грижа и активности за заштите и доградба на повеќе храмови во епархијава, со што тој продолжува по стапките на своите епархиски претходници и по стапките на сите мудри македонски и македонољубиви поколенија, архијереи и црквољубиви ктитори кои, градејќи цркви и манастири ширум македонската земја, неа ја преобразиле во земја ‒ црква и манастир, во земја ‒ крст и икона, истакна поглаварот во беседата.

По литургијата, присутните верници ја примија Светата причест.

ас

 

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Дете повредено со нож од друг малолетник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!