Во ноќешната акциска контрола од 22 до 04 часот сообраќајната полиција во тетовскиот регион открила 15 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.
-Од 15-те возачи еден имал два промили алкохол во крвта. Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. СВР Тетово уште еднаш со апел до возачите да не ги управуваат возилата под дејство на алкохол и да ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Со соодветни поднесоци санкционирани се и уште девет други видови сообраќајни прекршоци.
ас