• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Oткриени и санкционирани 32 прекршоци за неправилно и непрописно престигнување

30/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На подрачјето на СВР Тетово вчера (29 мај) од 15 до 20 часот спроведена е акциска контрола за неправилно и непрописно престигнување на возилата, во која вкупно се откриени и санкционирани 32 прекршоци (ТЕ-15 и ГВ-17). Најголемиот број од прекршоците (ГВ-16) се однесувале на престигнување на забранети места, (ТЕ-15) на други начини на неправилно престигнување и 1 (ГВ) на престигнување на возила во колона.

На прекршителите изготвени им се законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршоци се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност. Оние, пак,  кои престигнувале на „полна линија“, на непрегледни кривини или во долга колона од возила ќе се соочат и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкционирани се 7 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-1).

Секторот за внатрешни работи Тетово со повторен апел до возачите да бидат докрај внимателни – како и каде престигнуваат и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Посебно им се укажува да не престигнуваат на „полна линија“ и на непрегледни кривини. Им советува и да не возат пребрзо, зашто на подрачјето веќе се чувствува зголемена сообраќајна фрекфренција, пред се на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и магистралата Гостивар-Кичево, но и на околните регионални патишта.

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Честите врнежи од дожд помогнаа да има чист воздух во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!