• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Откриени и санкционирани биле три возила кои имале неисправни сопирачки две со истечена регистрација

13/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните контролни активности за поголем ред и безбедност на патиштата и улиците во Полошкиот регион.

Вчера (12 април) од 11 до 17 часот на тетовско-гостиварското подрачје спроведена е уште една акциска контрола, во која вкупно откриени и санкционирани биле 3 возила (ТЕ-1 и ГВ-2) кои имале неисправни сопирачки и 2 возила (ТЕ)  со истечена регистрација.

Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и на нивните возачи изготвени им се предвидените поднесоци. Покрај ова, биле санкционирани и 3 возачи (ТЕ) кои управувале без положен возачки испит и валидна дозвола, 7 возила (ТЕ)  со неатестирани фолии и 16 (ТЕ) непрописно, односно погрешно паркирани возила, кои набргу и биле подигнати од тетовската „пајак-служба“. Со соодветни поднесоци заокружени се и 4 (ГВ) други видови прекршоци.

Во пресрет на претстојните празници СВР Тетово уште еднаш со апел до возачите навреме пред да тргнат на пат да ја проверат исправноста на возилата кои ги управуваат, да ја прилагодат брзината според условите на патот и да се воздржат од консумирање на алкохол додека возат, а им се советува, исто така, задолжително да ги користат сигурносните појаси и да избегнуваат користење на мобилни телефони. Ова, дотолку повеќе што наредните празнични денови на патиштата на ова подрачје и пред се на оние кои водат кон Охрид , Маврово и Попова Шапка се очекува зголемена фрекфренција на возила.

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Приведен анестезиолог од тетовската болница кој снимал и објавувал пациенти на „тик ток”

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!