Соопштение на СВР Тетово 6 август 2024
На 05.08.2024 во 14.15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Х.(44) од тетовско село, кој претходно бил пријавен дека допирал по телото малолетничка од гостиварско село. Тој е задржан во полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 05.08.2024 година во 19.50 часот на Граничен премин Јажинце, полициски службеници го лишиле од слобода О.К.(28) од Косово затоа што при гранични проверки било констатирано дека патничкото возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага на Интерпол Германија. Возилото било одземено, а лицето било предадено во СВР Тетово за понатамошна постапка.
На 05.08.2024 во периодот од 11.00 до 15.00 часот на булеварите „Маршал Тито“ , „Видое Смилевски Бато“, „Илинденска“ и кај надвозникот за с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово во содејство службеници од Центарот за социјални работи презеле мерки и активности за спречување на питачење. Притоа, при питачење биле затекнати М.М.(27) од тетовско Прељубиште, Н.М.(22) од Куманово, О.Р.(47) од Битола, Р.И.(22) од Косово и еден малолетник. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци, по што биле предадени на службениците од Центарот за социјални работи Тетово за понатамошна постапка.