• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Отворен ден со граѓаните на Тетово на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

12/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД)  денес во Тетово организираше прв отворен ден на тема Еднаквост и недискриминација.

Под мотото „Препознај, пријави и спречи дискриминација“ пред граѓаните и јавноста беше презентирана работата на Комисијата при што нивните претставници на граѓаните им објаснуваат за можноста да поднесат претставки и други прашања поврзани со работата на ова државно тело.

-Целта на настанот денес е да ја приближиме работата на Комисија за спречување и заштита од дискриминација до граѓаните на Тетово. Имаме пункт за прашања од граѓаните и да објасниме која е постапката за пријавување на дискриминација до нашата комисија.  Процедурата е намерно едноставно направена да може секој граѓанин да поднесе пријава. Ако гледаме законски нема некој посебен урнек за пријавување. Секој граѓанин може да напише и опише настан за тоа зошто смета дека е дискриминиран, дали од институција или друго приватно лице или правно лице. Многу е важен фактот дека постапката пред нашата Комисија е бесплатна за граѓаните, изјави Исмаил Камбери,  заменик претседател на Комисијата.

Годинава до КЗСД има пристигнато 171 претставка од граѓани и организации.

-Највеќе граѓаните се жалат на дискриминација во областа на работата и работните односи. Односно граѓаните се чувствуваат на нивното работно место. По повеќе основи, дали е тоа етничка припадност, политичка, политичко уверување, политичка припадност, род, сексуална ориентација итн. После следат со втор број областа за пристап до јавни добра и услуги. Тоа значи било кој сервиси се јавно и се нудат на граѓаните, дали е тоа пристап до јавен превоз, пристап до здравство, изјави Камбери.

Според неговите информации од граѓаните на Тетово нема претставки од јануари 2021 година кога овој состав на Комисијата е започнат со работа.

-За жал, во Тетово имаме добиено само една или две претставки за кои не бевме надлежни да одлучуваме, што укажува на фактот дека граѓаните на Тетово не се премногу запознаени со нашата работа или не препознаваат дискриминација. Токму поради тоа една од причините зошто сме овде е да ја приближиме нашата работа до граѓаните, информираше Камбери.

Град со најмногу претставки е Скопје. На национално ниво од вкупно 171 претставка годинава во околу 40 претставки е утврдено дека има дискриминација.

-Кога утврдуваме даваме препорака до дискриминаторот како да ја отстрани  дискриминацијата, даваме рок за постапување, доколку не ја отстранат дискриминацијата, тогаш имаме право како Комисија да поведеме прекршочка постапка пред надлежен суд за прекршоци каде што казните се движат од 100 евра до 10 илјади евра зависи дали е приватно или правно лице, истакна заменик претседателот.

Во моментот КСЗД има поведено околу 20 постапки и во наредниот месец имаат судски рочишта каде што треба на суд и да објаснат зошто тоа мислење е донесено и судијата за прекршоци да ја изнесе висината на казната.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Едукативен центар МATRIX во Тетово-спој на најактуелните едукативни курсеви и образовни содржини на едно место

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.