Основен суд Тетово денес организираше отворен ден за граѓаните по повод Европскиот ден на граѓанската правда.
Во посета на судот беа студентите коишто доаѓаат правните факултети при Универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа средношколците што се од правна насока при Средното економско училиште „8 Септември“-Тетово, како и заинтересирани граѓани.
– Нашиот суд се приклучува кон одбележувањето на ваквиот ден преку организација на отворен ден за сите заинтересирани лица коишто би можеле да се информираат за правата, интересите и слободите, а целта е да што е можно се приближи поблиску пристапот до правда на граѓаните како нивно основно човеково право гарантирано со член 6 од Европската конвенција за човекови права. Во оваа насока денес организираше отворен ден во којшто сите заинтересирани лица можеа да пристапат да се информираат, кои се нивните права и слободи, меѓутоа и начинот на нивна заштита во случај на евентуална повреда од трети лица, информираше судија Бојана Тоиќ.

Поголемата информираноста на граѓаните ќе биде основа за поголемо почитување на човековите права, потенцираат од судот.
– Како суд сметаме дека е од особено значење одбележувањето на ваквиот ден од причини што со поголемата информираност на граѓаните за правата коишто ги поседуваат, како што и припаѓа а индиректно, може да се влијае и кон поголемо почитување на основните човекови права којшто ги гарантира Европската конвенција за човекови права. Студентите и учениците, како идни правници најпрво би можеле да придонесат кон разбирање на пристапот на правда како човеково право, а подоцна и во насока на акцентирање на важноста на таквиот принцип којшто ни е основно човеково право, истакна судијата Бојана Тоиќ.
За решавање на предмети од надлежноста на Основниот суд Тетово се ангажирани 26 судии.
ас