• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Отворена изложбата на мозаици „Жената во парчиња камен“ на Изет Зеќири

14/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Уметничката Галерија Тетово од вечерва отворена е изложбата на мозаици насловена „Жена во парчиња камен“ од авторот проф.д-р Изет Зеќири, актуелен ректор на Универзитетот Мајка Тереза-Скопје, професор по економски науки и поранешен пратеник. Ова е негова втора изложба на мозаици, а ја прикажува фигурата на жената како столб на општеството.

-Втората изложба насловена „Жена во парчиња камен“ претставува продолжение на првиот циклус на делата насловени „Мозаик со парчиња живот“ кои претставуваат темелен преглед на традиционалниот рурален живот и неговата еволуција во современиот свет, и сега (во овој циклус ) продолжува со длабоките инспиративни импулси од албанската историја и народна традиција, со фокус на женската фигура претставена преку различни фигури. Историски, жената Албанка била важен фактор на напредок, отпор, брилијантност, но пред сè, нејзината примарна функција била во темелите на градењето здраво општество, посочи во промотивниот говор на отворањето Јелдез Асани, историчар на уметност и професорка на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот во Тетово.

Таа посочи дека согласно содржината на темата што се обработува, професорот Изет Зеќири го избрал токму овој мотив во процесот на обликување на мозаикот со одредени стилски карактеристики за да докаже дека жените се соочиле со тешките предизвици од минатото и го осветлиле патот кон образованието, еманципацијата и напредокот на нашиот народ на овие простори.

-Помалку или повеќе рамните фигури се слики кои паметат и се во функција на настанот што е префигуриран до симболична и традиционална генерализација. Фигурата на жената што ја ниша лулката, ја подготвува храната или ги работи секојдневните ритуали за сопрузите, дава чувство кое се зајакнува со моделирање на исполнети волумени и строги ментални изрази кои говорат за храбра издржливост збогатена со контрастни тонови кои се следат еден со друг. Додека во некои дела со цел да се постигне уметничка конструкција рефлектирана со фигури кои претставуваат асоцијативно-апстрактни чувства, или подобро кажано, декоративна слика на недефинирана позадина со меланхолична и носталгична интерпретација на современата жена, Изет Зеќири ги надминува вообичаените етно-фолклорно третирања, посочи Јелдез Асани.

Изет Зеќири е роден 1967 година. Се образувал на Економскиот фа­кул­тет на Универзитетот во Приш­тина. Маги­стри­рал на Економскиот факултет на Уни­вер­зитетот „Св. Ки­рил и Методиј“-Скопје, а док­то­­ри­рал во 2001 година на Уни­врзитетот во Приштина.

Поврзани објави

Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Инфо компас

Повик до граѓаните за присуство на едукативна здравствена работилница за превенција на мозочен удар

24/03/2023
Следна објава

Промовирана книгата „Хрватски театарски актери и режисери што работеле во Македонија од 1913 до 1941 година“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.