• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Отворена изложбата на пастели „Девојки и сведоци“ и претставена монографијата „Урбани пејсажи“ на уметникот Павле Кузманоски

21/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со промотивните обраќања на Климе Коробар, историчар на уметност и академик Витомир Митевски свечено беше отворена изложбата на слики „Девојки и сведоци“ и презентирана монографијата „Урбани пејсажи на тетовскиот академски сликар Павле Кузманоски.  Настанот се одржа во салата на Музејот на тетовски крај.

Промоторот Коробар кој зборуваше за изложбат на слики „Девојки и сведоци“ посочи дека тие два циклуси говорат за минатото и иднината, како и дека девојките со својата младина и убавина се контрапункт на сведоците.

-Таа младост и убавина со својата енергија ја полнат нивната душа и нив велат дека младоста и убавината секогаш носат подобра иднина. Иднина која во овој момент ни е неопходно потребна. Младите девојки пленат со својата убавина, а во повеќе случаи инспирирани од убавините на Шар Плнаин, мртвата природа и актот во различни варијкации и варијанти. Сведоците се омилената тема на Павле, тие се измислени ликови, но секој со свој карактер,заедничка нитка на сите нив е дека овие стари лица со бради  населени во имагинарниот свет на сликата кои се тука, тоа се мудреци кои ја акумулирале тајната на мудроста за да не опоменува, да не тераат на размислување затоа што драмата се случува тука околу нас, а не во некоја друга земја, истакна Климе Коробар.

Академик Витомир Митевски истакна дека „Урбани пејсажи“ е ликовна автобиографија со која уметникот не води во урбаниот простори кои на него му се блиски. Тука се дела од мотиви од младоста од родно Тетово од ученичките денови во  Скопје, престојот во Белград, па се до студскиот престој во Париз и Анже во Франциај. Оваа постапка јас ја дожививувам како доказ за уметничка зрелост и самодоверба. Нашиот уметник настојува да се изрази што е можно поедноставно, поконцизно, во неколку цртички-а тоа е најтешкото, истакна Митевски.

Авторот, уметникот Павле Кузманоски рече дека монографијата е сублимат на неговото 60 годишно творештво,а изложбата на слики во пастел техника е нешто што после долго време се одлучил да го направи.

-Тоа е една техника малку деликатна, спротивна на акварелот, на маслените бои, темперите и така натаму. Имајќи една таква желба која ја одама не сум ја практикувал, сакав да пробам. Направив 20 такви дела. Десет од нив се од циклусот девојки, поставени лево на изложбата, а другите десет сведоци изложени на десно од изложбениот простор. Во чело се поставени и десет слики, дел од сликите и цртежите застапени во монографијата „Урбани пејсажи“, изјави Павле Кузманоски.

Кузмановски е роден во Тетово во 1939 година. Во 1966 година дипломирал на Академијата за применети уметности во Белград, Србија. Неговото ателје се наоѓа во родното Тетово каде поседува огромна колекција на уметнички слики.

ас

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Креативни работилници за светскиот ден на јаболкото во сите девет одделенија при ООУ „Андреја Савески-Ќиќиш“- Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.