• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Отворена ликовната изложба „Хрватска низ времето“

03/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Свечено отворање на ликовна изложба „Хрватска низ времето“ вечерва  во Уметничка Галерија во Тетово организираше Македонско – хрватско друштво (МХД) Тетово. Автори на делата се учесниците од ликовната работилница на м-р Славчо Максимовски.

-Делата претставени вечерва, јасно изразувајќи го талентот на авторите, нивната посветеност и неспорната уметничка природност со сигурност ќе внесат новина во секојдневието а несомнено и ќе красат многу домови и простори правејќи ги ѕидовите повредни и поживи. Овие триесетина дела се вешт визуелен сведок за богатата и колоритна Хрватска, за различните културни правци, широчината на Јадранот и но и за способноста на нашите уметници од тука да ги овековечат различните традиции, симболи и значења, порача Марко Видачек од МХД Тетово.


Амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ ја поздрави соработката меѓу двата народи и изрази воодушевување од умешноста на тетовските ученици да ја прикажат нејзината земја преку цртежи.

-Многу се радувам што сум вечерва тука, да ја видам оваа изложба на деца од 13-14 години од основните школи, што е импресивно, да се видат.  Убаво е да се видат слики со морски мотиви и со народни носии.  Ме радува МХД секогаш ги поврзува и македонските и хрватските уметници и наоѓа начин низ уметноста и културат дека соработка постои одамна и затоа хрватската амбасада со задовослтво ја поттикнува таа соработка, и на тој начин ја прикажува и заштитата на Хрватска за сограѓаните во други држави, изјави Нивес Тигањ.


Од МХД Тетово потсетија на неколку важни настани и личности кога се во прашање Тетово и Хрватска.

-Пред нешто повеќе од 100 години, од ликовната академија во Прага, во 1919 во Тетово доаѓа дубровничкиот сликар Нико Миљан, како гимназиски професор. Од истата година датира и сликата насловена „Пазарен ден во Тетово“. За животот во Тетово, за тетовското маало Два Бреста и за градското средиште од 20-тите години на минатиот век, живописен и автентичен преглед добиваме и од двете објавени слики во бакрорез – на хрватскиот ликовен уметник Томислав Кризман.   Уште во 30-тите години, во Тетово како професор по цртање работи Јосип Бужан. Во 1930 година, тетовската јавност има ретка прилика да присуствува на изложба на познатиот хрватски сликар, Јозо Бужан, брат на тетовскиот професор Јосип. Во 1960-та година, во Тетово, вредна за споменување е изложбата на хрватскиот ликовен уметник, Звонимир Кечек, негова прва самостојна изложба, истакна Марко Видачек.

Организаторите потсетија дека Тетово е и родниот град на првата македонска вајарка Борка Аврамова, воедна и хрватска уметница, членка и на македонското и на хрватското здружение на ликовни уметници, која со мали прекини, речиси целиот свој животен век го поминува во Загреб.

Ова е второ издание на ликовната работилница по првата во 2021 година. Изложбата  беше збогатена и со музичка интерпретација од страна на гитаристот Стефан Волчевски.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Од 8 до 20 часот СВР Тетово вчера казни 17 возачи за пребрзо возење

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.