• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 30 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Паркирањето во Тетово општината сака да го менаџира преку приватна фирма

25/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Општина Тетово беше претставена физибилити студија со цел воспоставување јавно приватно партнерство за менаџирање со паркинг услугите во градот.  Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами вели дека потребен е приватен партнер поради општата негативна финансиска состојба на општината.

-Физибилити студија ќе оди на седница на Совет по што ќе следи процедура за избирање на приватен партнер со цел да имаме повеќе паркинг места и подобри услови. Се со цел побрзо и поефикасно ги реализираме нашите обврски и услуги кон граѓаните. Имајќи во предвид дека Општина Тетово е се уште во тешка финансиска ситуација, дека немаме подршка од централни институции се определивме за овој модел да прибереме приватен капитал, истакна Касами.

На новинарските прашања зошто има потреба за приватен партнер за ЈП „Градски паркинг“ кога самиот истакна дека почна да работи со позитивно салдо, Касами рече дека со приватниот партнер општината ќе има уште повеќе придобивки.

-Една придобивка е да се плати комунална такса од 12 % од прометот кон општината за користење на јавните површина, која обврска сега Паркинзи не ја плаќа. Исто така, приватниот партнер ќе плаќа и концесиска такса-надоместок.  Имаме неколку придобивки и подобрување на услугите кон граѓаните. Се предвидува да се инвестира во софтвер. Нема да има отпуштања на вработени туку ќе има потреба од повеќе работници со зголемување на бројот на паркинзи, рече Касами.

Физибилити студијата за оправданост за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство ја образложија од Центарот за економски анализи.

-Со планот за проширување од 1014 вкупно паркинзи до крајот на 2023 година ќе има 1470 паркинзи од отворен ттип, 590 од затворен тип, или до крај на 2023 да има вкупно 3074 паркинг места, а по 2024 до 3554 паркинг места. Бројот на вработени треба да достигне 122. Предвидена е инвестиција од 778.720 евра со кои ќе се набават две пајак возила, пет возила за мобилни екипи, ќе се направи кол-центар, систем за затворени паркинзи, земјиште за оставање на возила и друго, образложи Марјан Николов од ЦЕА.

Презентирани беа и очекуваните приходи, кост бенефит анализа, критеируми за избор на најповолен приватен партнер, основните модели на предложениот модел и индикативен план за имплементација.

ас

Поврзани објави

Вести

Честите врнежи од дожд помогнаа да има чист воздух во Тетово

30/05/2023
Вести

Oткриени и санкционирани 32 прекршоци за неправилно и непрописно престигнување

30/05/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-Пријави за напад врз дете и измама, украден лаптоп од џамија, повреден велосипедист

30/05/2023
Вести

Промоцијата на волонтерството како начин младите да активно да решаваат проблеми во заедницата

30/05/2023
Вести

Во Загреб е поставена изложбата „Убавите жени“ на тетовскиот уметник Славчо Максимовски

30/05/2023
Вести

Универзитетот во Тетово го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов

29/05/2023
Следна објава

Апел за помош за наоѓање на загубени клучеви

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!