Државата да стави ред во производството и продажбата на мед, бараат пчеларите со цел да се стави крај на нелојалната конкуренција која прави и продава ваков прозвод додавајќи неприродни состојки. Додека се чекат институциите да го спречат создавање на ткн. фалсификуван мед, пчеларите апелираат граѓаните да купуваат од познати производители.
– Во некои европски земји ги контолираат директно продавачите. Доаѓа инспекторот без да се легитимира, откупува мед и потоа му се легитимира и се врши анализа. Мора да се извршат детални анализи и што точно се продава. Од институциите, а не од нас како здруженија. Ние немаме овластувања да се санкционират такви продавачи, вели Владимир Петровски од Здружение на пчелари Полошки мед
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски со најава за можно решение-дека ќе се правел поправеден и реален модел на субвенции, како и дека ќе се утврдуваат манипулации во производството бидејќи се помалку мед има на пазарите.Според него тоа е потребно за да професионалните пчелари добијат поголема поддршка, како и да се откријат манипулациите поради кои има нелојална конкуренција меѓу пчеларите.
-Државата дава сериозна поддршка на пчеларите. Мора да бидеме одговорни со пари на граѓаните, пчеларите да довијат субвенции. И затоа сега збориме за праведен и реален модел на субвенции. Тоа значи дека вистинските пчелари ќе добијат поголена поголема поддршка и повеќе средства но мора да ги октриеме манипулациите и злоупотреби што се прават во системот. Здруженијата даваат најдобри предлози и идеи, како да го реформираме и реорганизираме моделот на субвенционирање во пчеларството затоа што се повеќе пари даваме а се помалку мед гледаме. Така да мора да ги постигнеме ефектите, со средствата што држават ги обезбедува, изјави министерот Николовски од Тетово каде беше на натпреварот за квалитет на мед.
Во 2021 година Министерството евидентирало пријавени 312 илјади пчелни семејства од пчелари кои се пријавиле за субевнции. Во 2012 година имало 150 илјади пчелни семејства.
Во Тетово денеска започна анализа на испратените 260 примероци мед од 21 земја во рамки на натпреварот за квалитет на мед што го организираат две тетовски здруженија на пчелари.
ас