• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ПК Љуботен организира искачување до врвот Љуботен, задолжително пријавување до петок

13/10/2022
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинарскиот клуб Љуботен од Тетово за викендов го организира традиционалното искачување на врвот Љуботен на Шар Планина на 2498 метри надморска височина. Предвидени се два дена активности, па од клубот апелираат заинтересираните до петок до 19 часот да се пријават за учеството на турата.

-Согласно препораките на Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија за „Организација на планинарски акции“ со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, сите заинтересирани се должни, формално да се пријават со изјава за пријавување со што би стекнале статус на учесник во организирана активност, информираат од ПК Љуботен.

Активностите започнуваат во сабота 15 октомври од 17 часот.

-Се тргнува од Старо село до планинарскиот дом Љуботен каде е предвидено сместување и преноќување. Тргнувањето кон врвот е предвидено за во недела 16 октомври од 08.30 часот, а очекуваното пристигнување е околу 10.30 часот. Враќањето кон планинарскиот дом се предвидува за пладне и завршното пешачење до Старо село и враќање кон Тетово околу 16 часот, информираат од клубот.

Исхраната за турата е во сопствена режија, индивидуално, предвидена за планинарска тура до 8 часа. За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема. Секој од учесниците треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Прекини во напојување со електрична енергија на 23 март

22/03/2023
ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Следна објава

Повторно одложено судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.