Трет ден по ред се бара исчезнатата 80 годишна Олгица Димитровска во околината на шарпланинското село Јелошник. Таа е со деменција и ја нема во куќата во Јелошник од неделата во утринските часови.
Во текот на вчерашниот ден и денес група планинари на ПК Љуботен, заедно со полициски службеници го пребаруваа планинскиот предел околу селото Јелошник во потрага по исчезнатата Олгица Димитровска.
Утрово продолжи потрагата од страна на полицајците и специјално тренирано куче за потрага по исчезнати лица, информираа од семејството.
Според сознание на семејството, кое сподели фотографија, кога излегла од дома, Олгица била облечена во фустан со кафеава боја и црни копчиња. Има ниска градба, слаба, сиво бела коса и носи наочари. Ако ја забележите Олгица јавете се на бројот: 076-466-689 или во полицијата.
Исчезната е Олгица Димитровска во Јелошник, контакт 076/466-689