• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

По 31 година ќе се изведе монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ по текст на Јован Дамјановски

28/02/2023
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Драмско студио Тетово ја подготвува изведбата на монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ работена по текст на писателот Јован Дамјановски.

Претставата ќе биде изведена на 11 март сабота во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово. Единствената улога на Иконија ја толкува Наташа Петровска, а режисер е Игор Бачоски.

-Оваа монодрама ќе биде изведена за прв пат по 31 година. Сега во оваа верзија ние ја модернизиравме, фактички опфаќаме и ново време, но и се навраќаме на старо Тетово со сите белези на нашиот град од 70-тите и 80-тите години. Така подготвувајќи ја, од претстава што требаше да трае 45-50 минути достигнавме до еден час и половина. На многу комичен начин прикажани се сите смешни настани што го носи животот но и тажни моменти. Така Иконија во еден момент се чувствува дека животот и е празен затоа што не успева да оформи семејство, најавува режисерот Игор Бачоски.

На 11 март премиерата на монодрамата ќе биде изведена во големата сала во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ со почеток во 20 часот и претставува претстава за публика над 18 години.

Од Драмското студио додаваат дека во 1992 година кога последен пат била изведена, монодрамата ја одиграла Гордана Георгидијадис, а во режија на Миодраг Николиќ-Панта (1942-2022).

ас

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Движење Антикоцкање со реакција до здружение „Сакам да работам“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.