Соопштение на СВР Тетово 6 август 2024
На 05.08.2024 во Полициското одделение Теарце, 55 – годишна жена од тетовско село пријавила дека имотот на нејзиниот покоен сопруг во с.Лешок, тетовско, бесправно бил искористен од сопственик на угостителски објект.
Според пријавеното, откако се вратила од странство забележала дека нејзиното подолго отсуство било искористено и дека имотот го користи друго лице. Како што е пријавено, таа разговарала со сопственикот на објектот кој и рекол дека поседувал договор за закуп со нејзиниот покоен сопруг и дека е подготвен да направи договор и со неа и да ѝ ја плати закупнината. Исто така, според пријавеното, таа повторно отишла кај лицето, кое не приложило договор за закуп со нејзиниот покоен сопруг, кое одбило да направи договор и да ја плати закупнината.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.