Соопштение на СВР Тетово 18 јуни 2024
На 17.06.2024 во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Попова Шапка – Тетово, во с.Гајре, тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(39) од с.Порој, тетовско, излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Е.Н.(32) од с.Порој, констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
На 17.06.2024 во 11.25 часот во СВР Тетово, Ш.Л.(52) од Тетово пријавил дека го пронашол неговиот син С.Л.(20) за кој на 15.06.2024 пријави дека се оддалечил од домот.
На 17.06.2024 во 22.15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.А.(50) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга 48 – годишна сопруга дека физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.06.2024 во 23.00 часот во СВР Тетово, 26 – годишна жена од тетовско село пријавила дека нејзиниот сопруг Ф.Н.(30) агресивно се однесувал кон неа во семејниот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.06.2024 во 16.35 часот во СВР Тетово, 22 – годишник од Тетово пријавил дека неговиот татко С.И. агресивно се однесувал во семејниот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.