• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

По петти пат ќе се одржи планинарската акција „Милениумска патека“ на Сува Гора

26/10/2022
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Планинарскиот клуб „Јелак“, во соработка со Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи и Македонската Православна Црква, в недела 30 октомври по петти пат ја организира планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“ на падините на Сува Гора, која беше за прв пат одржана 2018 година по повод јубилејот „1000 години Охридска Архиепископија“.

Патеката е поставена истата година во рамките на низата настани по повод чествувањето на еден милениум постоење на Охридската Архиепископија.

-Пешачењето тргнува од село Блаце и завршува во село Волковија. Акцијата спаѓа во лесни планинарско-рекреативни тури. Погодна е и за почетници и за поискусни планинари, рекреативци и вљубеници во природата со кондиција за движење. Поканети се сите поединци, планинарски клубови и друштва, информираат од ПК „Јелак“.

Долж патеката се поминува покрај повеќе православни цркви, археолошки локалитет – месност „Граиште“ во Стенче, движење низ пределот каде е сниман култниот македонски филм „Македонска крвава свадба“ и слично.

Вкупна должина на патеката е 9 километри. Во 2019 година во рамки на акцијата беа засадени околу 150 дрвца долж „Милениумска патека“.

Повеќе информации за пријавување тука 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекини во напојување со електрична енергија на 23 март

22/03/2023
ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Следна објава

Со средства од Швајцарија и УНДП се изведуваат градежни работи за превенција од поплави во шарпланинските села

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.