• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

По шести пат искачување „Зора на Љуботен“ во организација на ПК Јелак-Тетово

13/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По едногодишна пауза планинарскиот клуб Јелак од Тетово најавува дека в недела ќе се изведе ноќното искачување на врвот Љуботен на Шар Планина со цел да се дочека изгревањето на сонцето. Минатата година поради пожарите, забраните за движење во шума и временските услови овој настан не беше организиран. Ова е шесто искачување насловено „Зора на Љуботен“.

-Самиот настан почнува на 16 септември, сабота со собирање на учесниците на градскиот плоштад во Тетово, поточно пред Домот на културата. Планот е да се тргне од Тетово во 20:30 часот и да се упатиме кон Старо Село, каде што ќе ги зачекаме учесниците од другите места. После прибирањето во 21:30 часот ќе тргнеме нагоре накај планинарскиот дом Љуботен (1.650 мнв), што ќе ни биде база за понатамошно качување, информира Владимир Трповски од ПК Јелак.

Планираното стигнување во планинарски дом Љуботен каде ќе биде поставен базниот камп е околу 23:30-24:00 часот.

-Таму е предвиден поголем одмор, имаме доволно време за вечера и разноразни активности пред понатамошното искачување.Во поход на самиот врв тргнуваме некаде околу 02:00-02:30 часот на 17.09, недела, а на самиот врв да стигнеме околу 04:30 – 05:00 часот за да го дочекаме самото изгрејсонце. Дадени се пошироки рамки заради тоа што се работи за ноќно искачување каде што е потребна поголема претпазливост и внимание на учесниците, потенцира Трповски.

Од планинарскиот клуб порачуваат учесниците да имаат стандардната планинарска опрема, челна или рачна ламба.

-Пожелно е на облеката или опремата да има ознаки од рефлектирачки материјал заради подобро следење на колоната, удобни планинарски чевли или чизми, со потопол слој на облека, бидејќи горе на самиот врв ќе се задржиме повеќе од два часа, а утрата на таа висина се секогаш ладни.
Пожелно е, кој има да си понесе подлога за седнување, бидејќи седењето на камења не е баш премногу удобно. Не е лошо и да се има и вреќа за спиење, за заштита додека да го чекаме изгрејсонцето, порача Трпковски.

Љуботен е врвот со кој започнува Шар Планина, висок е 2.499 метри надморска височина.

ас

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Истражување на Центарот за граѓански комуникации-Општина Тетово издава спортски објекти без објавување јавни повици

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!