• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Почна да се копа бушотина за да се најде вода за пиење во Сараќино и Фалише

14/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовско Фалише почна да се копа бунар на 50 метри длабочина во земјата со цел да се најде извор со вода како решение на тоа што 14 дена во ова и во село Сараќино има прекин во водоснабдувањето. Јавното комунално претријатие „Тетово“ две недели не успева да го најде проблемот и дефектот кај постоечкиот 12 километри долгиот водоснабдителен систем од реонот на Калник и Палчиште, па е одлучено да се најде вода со ткн. бушотина.

-Во Фалише порано имало бушотина направено, на истата локација сега се прави соодветна бушотина, која ќе биде можност да се снабдат жителите на Фалише и Сараќино со вода за пиење во истиот цевковод.  Со тој бунар ќе ги опслужуваме само Фалише и Сараќино. До 50 метри се копа за да се најде вода. Се копа за цевки со ист профил колку што има во вододовната мрежа. Еднаш ќе се направи бушење, ќе се стават пумпи и со фреквентен регулатор за одржување и регулирање притисок на вода како и нивелирање на водени удари, пресметано ќе ги опслужуваат двете села, објаснува Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод“ при ЈКП Тетово.

Во комуналното претријатие нема одговор кога конечно ќе се реши прекинот во водоснабдувањето.

-Се зависи од тоа каква е земјата, подземјето, малу е тешко, се наоѓа локацијатана некогашна притока на река се наидува на карпа, се додека не се избуши нема продолжување. Може да биде единствената.  Никој не знае. Важно е што е најдено решение за проблемот, граѓаните да бидат трпеливи, после ова нема да има проблем, ќе има нормално водоснадување, вели Шаќири.

Според него, нема да се остави ниту стариот водовод. Објаснува дека при секое пуштање на вода низ цевководот наместо 15-20 литри во секунда излегуваат од два до пет литри вода во секунда што укажува дека некаде и понатаму има затнување во цевките.

-Тоа е мала количина и затоа не се чувствува во селото. Мала количина која не дава никаква сигнали. Втората недела вака тече, но проблем имаме што работиме на туѓи имоти и тоа е тешко. Некаде треба да се копа, подземна инфраструктура, се прави штета, од една страна, од друга страна нема точна евиденција за трасата, измената е трасата при градба на автопатот, вели Шаќири.

ЈКП Тетово побарале од Центарот за управување со кризи и добиле цистерна со која велат дека засега се снабдуваат жителите со техничка вода.

ас

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Тројца малолетници и 19 годишник приведени откако со украдено возило удриле во полициски возила и повредиле тројца полицајци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.