• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Почна реконструкција на покривната конструкција на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово

20/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово ќе добие нова покривна конструкција. Вчера започнаа градежните работи со кои ќе се замени стариот и дотраен покрив поради кој при врнежи од дожд пропушташе вода во внатрешноста на објектот.

-Инфраструктурните проблеми во Центарот за култура во Тетово се многубројни и долгогодишни. Со работа и посветеност во текот на 2022 година сме на прагот да го реализираме големиот проект наречена „Реконструкција на куполата“, повеќегодишна проблематика со кој се соочува нашата институција, а истовремено го попречува нормалното функционирање во реализацијата на културните активности, изјави директорот Арлинд Хусеини.

 Центарот доби средства во висина од 2.420.000 денари од Министерството за култура за овој потфат.

-Од Министерство за култура, добивме толку колку што треба средства според проектот со цел комплетно да се заврши оваа реконструкција, бидејќи покривот беше многу пробламатичен поради прокиснувањето и не можеше нормално да функционира целиот објект, потенцира Хусеини.

Во текот на летните месеци заврши целосна реконструкција на вториот кат, познат како Анекс Ц во Центарот за култура.  За тоа се добиени два милиони денари од Министерството за култура.

-Вториот кат беше комплетно руиниран и без струја, сега сето тоа е уредено. Дел од просториите во иднина ќе ги користат вработените во Центарот за култура за канцеларии, а дел од ќе може да се користи од уметници, друштва и здруженија, со закажани термини. Има повеќе простории и повеќе можности за користење на простории, изјави Хусеини.

Во иднина предвидено е да се работи и на реконструкцијата на приземје и првиот кат.

ас

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

СВР Тетово: Во септември 266 возила подигнати со „пајак“-службата поради непрописно паркирање

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.