• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Почна со работа Факултет за здравствени науки при УЈИЕ

05/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со свеченост беше означено почнувањето со работа на новиот Факултет за здравствени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Овој Факултет за прв пат е акредитиран во новата 2022/2023 година каде има тригодишни студии за медицински сестри и за физиотерапија.

Ректорот на УЈИЕ Абудлменаф Беџети и министерот за образование и наука Јетон Шаќири со пресекување на лента означија официјален почеток со работа на оваа студиска програма.

-Министерот го донесе официјалното решение официјално да денес го отвориме факултетот, му се заблагодарувам за поддршката, беше едно не толку лесно патување до оваа состојба. Затоа што на оваа област е многу регулирана и законски и со подзаконски акти и се разбира поминавме низ сите институционални филтри за да стигнеме до тука. Подготвивме техничко-технолошка инфраструктра за да можат нашите студенти да имаат практичната настава која според студиските програми претставува 50 отсто од наставаниот процес. И средните медицински училишта можат да користат услуги во овој дел од УЈИЕ, изјави ректорот Абдулменаф Беџети.

Министерот Шаќири посочи дека му е чест и задоволството од тоа што го виде денеска на Универзитетот особено поради можностите за практична настава.

-За мене како министер е многу важно кога теоретскиот дел на настава има многу добра прилика да се реализира преку практичен дел од наставата. Тоа го видов денеска, како ќе се реализира практичниот дел од настава. Јас универзитетите ги гледам како институции кои треба да соработуваат но исто така освен соработка помеѓу Универзитетите ќе треба да има соработка и помеѓу училиштата заради тоа што со тоа ќе добие наставниот кадар, средните училишта но и средношколците и студентите, истакна министерот Јетон Шаќири.

Две студиски програми за медицински сестри и за физиотерапија имаат максимален капацитет од 150 студенти но оваа прва генерација е со помал број.

 

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

СВР Тетово за девет месеци евидентира 5511 казни за брзо возење

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.