• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Почна судењето за убиството на 16 годишното момче во декември 2022 во Тетово

10/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Основниот суд Тетово денеска започна судењето за малолетната 17 годишна девојка која во декември 2022 година беше обвинета од Обвинителството како осомничена за убиство на 16 годишно момче во месноста Бањиче.

-Главната расправа е завршена и дополнително ќе биде изречена пресудата. Осомниченото женско лице се товари за убиство, информираа од Основен суд Тетово.

Адвокатот Ибраим Бајрами кој учествуваше денеска во процесот како бранител на осомничена по завршување на рочиштето пред новинарите истакна дека детали од ова судење со одлука на судот нема да бидат изнесени пред јавноста.

-По наредба на судот за кривичните предмети кои што се водат против малолетници, каде што жртви се малолетници не се дозволени изнесување на било какви околности за настанот на кривичните постапки. Поради тоа сметам дека оваа одредба од членот 99 од Закон за права на деца треба и вие да го анализирате и согласно тоа да вршите известувања и да побарате посебна дозвола од судот, судијата за деца, кој што одлулува кој дел од постапките е возможно да бидат предмет на јавен интерес, изјави адвокатот Ибраим Бајрами.

На 22 декември 2022 полицијата информираше дека безживотното тело на 16 годишното момче беше најдено во реката Пена кај месноста Бањиче близу Тетово. По увидот и започната истрага, тетовското обвинителство до Основниот суд на 23 декември поднесе барање за подготвителна постапка поради сомнение за сторено убиство, за осомничена 17 годишна девојка од селото Рогле, Општина Желино. Воедно за осомничената беше определена и мерка притвор. Убиениот малолетник е од Ново Село.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Тетовчанец доби притвор-на скопската обиколница учествувал во сообраќајка па заминал од местото без да им укаже помош на повредените

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.