Оваа недела започнаа процедурите за регистрација на две нови јавни комунални претријатија за чие основање беше донесена одлука на последната седница на Советот на Општина Тетово на 29 декември 2022 година. Одлуката е објавена во Службеното гласило на Општина Тетово и сега во тек е регистрацијата во Централен регистар по што ќе следат нови седници на Советот за формирање на управни и надзорни одбори.
Двете нови јавни претријатија ќе значат создавање на два нови правни субјекти и одделно стопанисување со водоводот и канализацијата во едното и комуналната хигиена во другото. Досегашното Јавно комунално претријатие „Тетово“ ќе продолжи да постои, а ќе функционираат и понатаму одделот за православни гробишта, зелените пазари како и работната едница „Паркови и зеленило“.
-Ова е нешто што го имаат направено 70 отсто од другите градови и општини низ државата. Ние дури и доцниме. Во Скопје, функционира се посебно, од Комунална хигиена, Водовод, Зеленило. И Битола пример има јавно претријатие кое се занимава со водовод и јавно комунално претријатие кое се занимава со комунална хигиена и „Нискоградба“ претријатие само за канализација за подземни инфраструктурни изведби. Целта ние поквалитетна услуга, затоа што граѓанинот е во прв ред. Ќе се подобрат и финансиски услови на тие претријатија и стопанисувањето нивно ќе биде многу поедноставно, ќе бидат помали но помоќни, изјави Љуљзим Шаќири, актуелен раководител на „Водовод“ кој со одлука на Советот е одговорно лице кое ќе ги води работите на Јавното претпријатије „Шари“ до негово конституирање.
ЈКП „Шари“ ќе има шифра на работење 36.00-односно собирање, обработка и снабдување со вода, но и уште неколку сродни дејности. Вториот нов правен субјект ќе се вика Друштво за производство и комунални услуги „Оаенеум“ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, со главна дејност 8.11-собирање на безопасен отпад.
За граѓаните нема да има промени, односно ќе добиваат ист вид на сметки.
-Добиваат и ќе добиваат една сметка во која ќе бидат поделени дејностите односно тука се прави финансиска поделбата на обврските. Финансиската обврска ќе се подели, односно плаќањето што го прави граѓанинот ќе се подели во однос на услугата кој ја даваат претријатијата и секое претријатие ќе си го земе својот дел, рече Шаќири.
Оваа одделување ќе значи можност за зголемени инвестиции во делот на комуналната хигиена.
-Водата е јавно добро, па многу е тешко за претријатието таму да влезе надворешен капитал во делот на јавно приватно партнерство. Не е таква состојба во Комунална хигиена. Таму има голем интерес од надворешните инвеститори, бидејќи сметот што се создава е полуфабрикант и затоа има заинтересирани во делот на управување со сметот, објаснува Шаќири.
ЈКП „Тетово“ продолжува со напорите да ги исплати заостанатите плати и придонеси, за што минатиот месец имаше и штрајк кај вработените. Тековно се одвива и исплатата на договорите на дело за чиај исплата ЈКП доби финансиска помош од општината како основач. Од друга страна граѓани и правни субејкти за комунални сметки должат околу десетина милиони евра, а толку долг кон институции и правни лица има и самото претријатие.