• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 ноември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Почнаа работите за санација и регулација на коритото река Вардар во населените места во Општина Јегуновце за превенција од поплави

01/11/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во населеното место Туденце во Општина Јегуновце почна да се расчистува коритото на реката Вардар, што е дел од проектот „Подобрување на отпорноста на поплавите во полошкиот регион“, финансиран од Владата на Швајцарија и се спроведува со партнерство со Програма за развој на Обединети Нации (УНДП).

Денес теренска посета направија министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан и градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски.

Проектот предвидува повеќе активности долж течението на реката Вардар во Општина Гостивар и Општина Јегуновце. Долж коритото на реката која минува низ повеќе места во Општина Јегуновце ќе се прави чистење на природното корито од градежен шут, комунален и кабаст отпад како и вегетација што го попречува текот на реката. На двете општински подрачја тоа ќе се прави на вкупна должина од 17,2 километри, а ќе се извршат и стаблизирања на 12 најкритични речни делници со вкупна должина од 1,8 километри.

– Ги штитиме пред сè граѓаните на овој регион од поплави. Знаеме дека овој регион е ранлив на временски непогоди и истите се често со катастрофални последици за жителите на подрачјето. Затоа применуваме интегриран пристап на сите вклучени страни како што се донаторите, владата, локалната власт и заедницата за да им помогнеме на локалната заедница од отпорноста од поплави, изјави министерката Каја Шукова.

Претставникот на УНДП потсети дека активностите се преземаат согласно нивното мото дека треба да се управуваат ризиците, а не само последиците од катастрофите.

– Поројните дождови предизвикуваа поплави во домови и земјоделски полиња. Затоа ќе работиме на санација на речното корито на Вардар и стабилизација во должина од 8500 метри во ова подрачје. Од оваа интервенција најголем бенефит ќе имаат три илјади жители од општината Јегуновце, изјави Армен Григорјан.

Градежните работи за регулирање на горен Вардар во Општина Јегуновце чини над 30.907.617 денари.

– Неизмерна е радоста што ја споделувам со вас поради санацијата на коритото на река Вардар. Ова е историски ден за жителите на Општина Јегуновце што долго време се очекува, а посебно во местата по текот на реката Вардар. Ризикот од поплави ќе се сведат на минимум по завршување на проектот, истакна градоначалникот Димитар Костадиноски.

И оваа 2023 година имаше поплави во неколкуте места во Општина Јегуновце. Градоначалникот информираше дека формирале комисија за процена на штети и извештајот е доставен до в второстепена владина комисија од каде сè уште се чека одговор за обесштетување.

Проектот „Подобрување на отпорноста на поплавите во полошкиот регион“, финансиран од Владата на Швајцарија со над 12 милиони долари и предвидува мерки и активности во повеќе населени места во Полошкиот регион.

ас

Поврзани објави

Вести

Во пожар животот го загуби 78 годишник од Рогле, Општина Желино

29/11/2023
Вести

Полицајци ги едуцираат средношколците за меѓуетничка толеранција

29/11/2023
Вести

Приведен малолетник поради најдена дрога

29/11/2023
Вести

Полицајци фатиле 29 годишник при кражба во подрум во зграда

29/11/2023
Вести

За сквернавењето на црковното знаме на Попова Шапка лишен од слобода 33 годишник од Мала Речица

29/11/2023
Вести

Поставено ново знаме со грбот на МПЦ на јарболот пред црквата на Попова Шапка

29/11/2023
Следна објава

„Тетово сака парк“: Дали преку донација се подмитува Општина Тетово?

Tetovo, MK
среда, ноември 29, 2023
overcast clouds
5 ° c
93%
2.13mh
89%
10 c 3 c
чет
16 c 9 c
пет
17 c 9 c
саб
10 c 3 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!